24фудбал

Време е да падне Полска: Ова е почетниот состав на Македонија (ФОТО)

Најсилниот национален фудбалски состав на нашата земја вечерва ја пречекува Полска во третото коло од квалификациите за ЕП 2020, почетокот е добар, меѓутоа вистинскиот тест е токму вечерва.

Македонија

Македонија тргна со победа против Летонија на домашен терен од 3-1, а потоа ремизираше на гости кај Словенија со 1-1, тоа е секако добар почеток на квалификациите за европскиот турнир во 2020. година, а вечерва следи сериозен тест за избраниците на Игор Ангеловски.

Вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува лидерот во нашата квалификациска група „Г“, Полска, која во трите меѓусебни дуели со нас има две победи и едно реми, а селекторот Ангеловски реши акцент на вечерашната пресметка да стави на средниот ред.

Токму во играта на средината популарниот „Мрме“ ја гледа шансата која Македонија вечерва треба да ја искористи, па така во тој дел од теренот според почетниот состав кој веќе е познат ќе играат дури петмина, а генерално формациската поставеност е 3-5-2.

Во нападот ударното дуо Пандев и Несторовски ќе се обидат да донесат погодоци за нашиот состав, а кај гостите главна ѕвезда во составот е секако капитенот на тој состав Левандовски кој ќе игра осамен во нападот, а веднаш зад себе ќе ги има Франковски, Зјелински и Гросицки.


Македонија: Димитриевски, Муслиу, Алиоски, Пандев, Ристовски, Велковски, Бејтулаи, Николов, Барди, Елмас и Несторовски.

Мечот во Скопје ќе го суди италијанскиот арбитар Џанлука Роки.


Фото-вест: ffm.mk (архива)