24фудбал

Двајца репрезентативци на Црна Гора одбија да играат против Косово, дури и селекторот не го издржа притисокот

Голем скандал во пресрет на квалификацискиот меч кој вечерва треба да се одигра во Подгорица откако пријавен е голем притисок во таборот на домаќините за да не бидат дел од мечот против Косово, и тоа поради политички причини.

Останато

Црна Гора вечерва (20,45) има прилика да дојде до прва победа во европските квалификации, таа е фаворит во пресметката против Косово во рамките на третото коло од групата „А“, меѓутоа домаќините се соочија со големи проблеми на неколку часа пред стартот на мечот во Подгорица.

Како што известуваат медиумите од нашето соседство, поради огромен притисок, во таборот на Црна Гора ќе отсуствуваат Мирко Ивановиќ и Филип Стојковиќ, членови на белградска Црвена звезда, а на клупата нема да се појави ниту селекторот Љубиша Тумбаковиќ, сите тројцата со српско потекло.

Се вели дека тројцата се пожалиле на голем притисок и закани кон нив со политичка конотација, поради тоа што Србија не го признава Косово.