24фудбал

Ердоган беше кум на Озил кој покажа голема хуманост на својата свадба

Ѕвездата на Арсенал, Месут Озил се ожени во Истанбул, а кум на неговата свадба беше претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Останато

Германскиот репрезентативец кој има турско потекло, Месут Озил беше мета на многу критики оваа сезона поради неговите слаби игри и индолентност кон тимот.

Најубав момент за негова оваа година е венавката со поранешната мис на Турција, Амине Гулсе која се случи во луксузен хотел на Босфордот со околу 300 гости.

Кум на Месут Озил му беше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

На многумина можеби не им се допадна фактот што Озил го одбра Ердоган за кум кој во очите на повеќето луѓе важи за диктатор, но фудбалерот имаше импресивен хуман гест на свадбата.

Имено, Озил и неговата сопруга решиле да платат операции за дури 1.000 деца низ светот. А гостите ги замолиле наместо подароци, парите да ги донираат во хуманитарни цели.