24фудбал

Меси се прошета низ одбраната на Никарагва, Аргентина се загреа за Копа Америка со пет гола (ВИДЕО)

„Гаучосите“ славеа убедлива победа од 5-1 во тест мечот со Никарагва, Лео Меси постигна два гола за две минути, а при првиот погодок се прошета низ одбраната на противникот.

Јужна Америка

Аргентина ја имаше првата контролка во пресрет на Копа Америка, „гаучосите“ славеа со убедливи 5-1 против Никарагва.

Во првиот дел, Лео Меси постигна два гола за две минути. Фудбалерот на Барселона најпрво се прошета низ одбраната на противникот и биеше по зејма за 1-0 а потоа начека една одбиена топка и рутински реализираше за 2-0.

Лаутаро Мартинез даде два гола во вториот дел, а Переира го заокружи гол-шоуто на Аргентина. Во судиското надополнение, Барера од пенал постигна почесен погодок за Никарагва.