24фудбал

Роналдо откри која е тајна за неговата младоста

Во пресрет на финалето во Лигата на нации, Кристијано Роналдо даде интервју за УЕФА и откри која е тајната за неговата младост.

Останато

ЦР7 оваа недела одново беше во центарот на вниманието откако во својот прв настап во новото натпреварување Лигата на нации, постигна три гола и ја однесе Португалија во финале.

Во пресрет на дуелот со Холандија, Кристијано Роналдо седна пред камерите на УЕФА и откри која е тајната за неговата младост.

„Важна е подготовката, мојата работна етика. Се чувствувам добро и покрај тоа што имам 34 години. Но најважна е психичката состојба, да бидете мотивирани и среќни. Продолжувам да чекорам по патеката која ја имам зацртано, мислам дека имам уште многу да понудам и се чувствувам многу добро“ – вели Португалецот.

„Секогаш е чест кога ќе се вратам во националниот тим, тоа што сум дел од ова ново натпреварување ја прави ситуацијата поспецијална, а погодоците се само црешната на врвот на тортата“.

„Холандија има одличен тим, играат навистина добро. Ги гледав нивните последни натпревари и имаат одлична комбинација на млади и искусни играчи, и затоа се многу силни. Знаеме дека ќе бидат тежок противник“.