24фудбал

Франција немоќна во Турција, Италија лесно се справи со Грција (ВИДЕО)

Турција го победи светскиот шампион Франција лесно со 2-0, Италија со убедливи 3-0 славеше на гостувањето во Грција.

ЕВРО 2020

Франција одигра лош натпревар на гостувањето кај Турција, домаќините беа поблиску и до поубедлива победа отколку што Французите можеа да се спасат од пораз.

Резултатот го отвори Ајхан во 30. минута, а десет минути подоцна Ундер го постигна вториот погодок за Турција.

Франција беше немоќна и не создаде речиси ниту една посериозна шанса за гол. Турција имаше уште неколку идеални прилики за погодок, но Хуго Лорис беше одличен.

За разлика од Франција, Италија рутински си ја заврши работата во Грција. Тие победија со 3-0 а за трите голови ги постигнаа од 23 до 33 минута. Поведоа со гол на Барела, Инсиње зголеми на 2-0, а последниот погодок беше дело на Бонучи.

Гостинска победа забележа и Германија, ја совлада Белорусија со 2-0, Сане и Ројс беа стрелци на головите.

Белгија со 3-0 го совлада Казакстан, Хрватска со 2-1 беше подобра од Велс, Исланд со минмални 1-0 ја победи Албанија.

Најубедлв триумф обезбеди Русија која му даде дури девет гола на Сан Марино, победи со 9-0. Во другите мечеви Ерменија - Лихтенштај 3-0, Азербејџан - Унгарија 1-3, Естонија - Северна Ирска 1-2, Финска - БиХ 2-0, Молдавија - Андора 1-0, Шкотска - Кипар 2-1.