24фудбал

Англија на пенали ја победи Швајцарија и го освои третото место во Лига на нации (ВИДЕО)

Англија подобро го изведе пеналите од Швајцарија и го освои утешното трето место во првото издание од Лигата на нации.

Останато

Англија и Швајцарија денеска водеа битка за бронзата во Лигата на нации, англичаните беа подобри, но дури по изведувањето на пенали дојдоа до победата.

Во текот на 120 минути, Англија дури четири пати ја погоди рамката од голот на Швајцарија која не создаде посериозни прилики за водство.

Пеналите го решаваа победникот, а по пет шута и двете селекции имаа максимален учинок. Во шестата серија Дрниќ не реализираше, а Дајер даде гол за победа на Англија.

Вечерва во финалето играат Португалија и Холандија.