24фудбал

Цената на Нејмар паѓа, спонзорите креваат раце од Бразилецот

Целта на Нејмар беше да ја освои Златната топка, но наместо да напредува тој не ни стагнира туку неговата кариера се движи во надолна линија.

Франција

Во последно време кога се пишува за Нејмар тоа претежно се скандали надвор од теренот, а не за некои негови импресивни партии во дресот на ПСЖ или Бразил.

Кавги со соиграчите и тренерите, постојани повреди, и случајот за силување на бразилскиот модел ја симнуваат вредноста на Нејмар на пазарот.

„МастерКард“ го раскина спонзорскиот договор со Нејмар, а „Најк“ и „Ред Бул“ ја разгледуваат ситуацијата и се блиску до слична одлука.

ПСЖ е загрижен поради ситуацијата со Нејмар бидејќи тој е најскапиот фудбалер во историјата, за негов трансфер од Барселона платија 222 милиони евра пред две години, но ефект нема.

Според „Л'Екип“, Нејмар одиграл само 51,8% од натпреварите за ПСЖ откако потпиша за францускиот клуб, како за споредба во тој период Меси одиграл 87% од натпреварите, а Роналдо 77%,

Приватниот живот и проблемите со повреди ја намалија цената на Нејмар, според „Трансфермаркт“, неговата максимална цена во моментов е 180 милиони евра, а можеби и помалку.

ПСЖ не го извади максимумот од Нејмар, а може да го загуби и за помала сума отколку што го плати доколку одлучи да се ослободи од него.