24фудбал

Манчестер јунајтед му плаќа на Де Геа за да си оди од Олд Трафорд!

Според „Дејли Мејл“, Манчестер јунајтед му нуди 22,5 милиони евра на Де Геа за тој да си замине од клубот ова лето.

Англија

Една необична вест ни стигнува од Англија, Манчестер јунајтед не успеа да се договори со Де Геа за продолжување на договорот, па сега крои план како да заработи на негово заминување.

Де Геа има уште една сезона од актуелниот договор со Манчестер јунајтед, раководството на клубот стравува да не остане со празни раце доколку Шпанецот одлучи да остане на Олд Трафорд и да го испочитува договорот до крај.

Доколку Де Геа биде во Манчестер јунајтед и следната сезона а не потпише нов договор, ќе може да си замине како слободен агент и да се договори за поголема плата во следниот клуб кој наместо да плаќа обесштетување ќе може да му понуди повисоки примања со цел да го добие неговиот потпис.

Според медиумите во Англија, Манчестер јунајтед е подготвен да му даде 22,5 милиони евра на Де Геа за тој да си замине од клубот сега доколку за него пристигне понуда од над 60 милиони евра.

ПСЖ е најзагреан за Де Геа, тие сакаат тој да им биде прв голман, но нејасно е дали е се обидат да го купат ова лето или ќе се договорат со голманот за да го ангажираат за следната сезона.

Доколку Манчестер јунајтед добие понуда од околу 60 милиони евра, а на Де Геа му исплати околу 20 милиони за збогум, клубот ќе има заработка од околу 40 милиони за неговото заминување, но ако голманот реши да остане и следната сезона, тие нема да заработат ништо.