24фудбал

Делегација на Атлетико оваа недела пристигнува во Истанбул за да го официјализира трансферот на Елмас

Медиумите од Турција пренесуваат дека директори на Атлетико Мадрид оваа недела ќе пристигнат во Истанбул на средба со колегите од Фенербахче за да го официјализираат трансферот на Елиф Елмас.

Македонија

Пред десетина дена беше објавено дека Интер со 11 милиони евра ја добил битката за потписот на Елиф Елмас, но потоа пристигна вест дека Атлетико сепак успеал да го украде Македонецот.

Клубот од Мадрид доставил предлог вреден 14 милиони евра, пресудила и желбата на Елиф Елмас да игра во Шпанија, па Фенербахче ја прифатил понудата.

Според пишувањата на Хуријет, директори на Атлетико оваа недела ќе пристигнат во Истанбул на средба со своите колеги од Фенер за да го официјализираат трансферот на популарниот „дијамат“. Двете страни овој состанок ќе го искористат и за да разговарат за преселба на Никола Калиниќ на „Шукру Сарачоглу“.