24фудбал

Порто со друг легендарен голман го менува Касиљас

Икер Касиљас ја заврши кариерата по срцевиот удар минатиот месец, Порто во Џиџи Буфон гледа негова замена.

Италија

Португалскиот весник „О Жого“ тврди дека цел број еден на Порто во летниот преоден рок е ангажман на Џиџи Буфон.

Португалскиот клуб е во потрага по нов голман откако Икер Касиљас ја заврши кариерата по срцевиот удар кој го имаше минатиот месец.

Буфон е слободен агент откако ја прекина соработката со ПСЖ, па може лесно да се договори со Порто доколку добие понуда која му одговара.

Џиџи Буфон и Икер Касиљас важат за едни од најдобрите голмани на сите времиња во светот на фудбалот.