24фудбал

Рајола е во Париз, на повидок е првата „бомба“ на Леонардо по враќањето во ПСЖ

Леонардо се врати во ПСЖ на функцијата спортски директор, а наскоро се очекува да го договори и првото големо засилување.

Франција

Матијс Де Лихт добил официјална понуда од ПСЖ, неговиот агент Мино Рајола во моментов е во Париз каде ги води финалните преговори со Леонардо.

Де Лихт важи за најбараниот дефанзивец во моментов, се шпекулираше дека тој е најблиску до Барселона, но се чини дека работите се менуваат.

Дефанзивецот на Ајакс сега е пред портите на ПСЖ, но додкеа и официјално не биде ставен потпис на договорот ништо со сигурност не може да се каже, особено што негов агент е „валканиот“ играч на трансфер пазарот, Мино Рајола.