24фудбал

„Извинете, сте заборавиле да напишете дека сакам да играм и како голман“ – како Мбапе се справува со „фејк њуз“ (ФОТО)

Килијан Мбапе се огласи на социјалните мрежи за да искоментира една шпекулација за неговата иднина, Французинот на урнебесен начин се справи со „фејк њуз“.

Франција

Младиот напаѓач минатиот месец ја стави под знак прашалник својата иднина во Париз откако изјави дека сака поголема одговорност и доколку тоа не му биде овозможено во ПСЖ, ќе си ја проба среќата во друг клуб.

Па покрај гласините за негов трансфер во Реал Мадрид, почнаа да кружат и шпекулации за ситуацијата на Килијан Мбапе во Париз. Имаше најразлични стории за тоа дека тој е незадоволен од третманот кој го добива од тренерот Томас Тухел, како и привилегиите кои ги уживал Нејмар, кој има статус на прва ѕвезда.

На социјалните мрежи вчера се појави сторија дека фудбалерот, односно неговите агенти доставиле листа со барања до управата на ПСЖ за Килијан Мбапе да остане на „Паркот на принцовите“.

Наводно тој побарал гаранции дека во иднина ќе игра во врвот на нападот а не по крилните позиции, дека мора да ги изведува сите пенали кога е на теренот и мора да добие далеку поголем процент од имиџ правата.

Килијан Мбапе сега ги искоментира ваквите шпекулации и одговори на урнебесен начин.

„Извинете, но сте заборавиле нешто, Килијан Мбапе сака да игра и како голман“ – напиша Французинот заедно со насмеано емоџи и додаде дека се работи за „фејк њуз“.