24фудбал

Последната изјава на Гризман го вклучи алармот во ПСЖ, Барселона повторно ќе извиси?

Французинот се уште ја нема донесено конечната одлука околу својата иднина, голема прашина се крена околу тоа прашање откако објави дека си заминува од Атлетико Мадрид, лани Барселона извиси откако Французинот реши да остане во Мадрид и стана непожелна личност на Камп Ноу кај фановите на тој клуб.

Шпанија

Антоан Гризман говорејќи за својата иднина побара трпение од јавноста, а Французинот вели дека можеби нема да остане во Шпанија откако ќе си замине од Атлетико Мадрид, 28 годишниот фудбалер пред еден месец објави дека ќе си замине од редовите на Јорганџиите по цели пет години минати во тој клуб.

Извесно беше дека првиот избор за Гризман е Барселона, со Каталонците тој се поврзува подолг период, сега со најновата негова изјава дополнително се крена прашина околу ПСЖ, таму пак, постои одредена загриженост за иднината на Мпабе и Нејмар во тој клуб.

Потребно е трпение, сакам за мојата иднина да се одлучи повеќе од било кој друг, но, потребно е да се почека на тоа. Не знам дали би останал во Шпанија, можеби за две седмици ќе знаеме нешто, сакам само да играм фудбал и да се забавувам“ рече офанзивецот по победата на Франција над Андора со 4-0 во квалификациите за ЕП 2020.

Барселона останува неговиот избор, барем така најавуваат повеќе медиуми, но последната негова изјава дека можно е да не остане во Шпанија сериозно го вклучи ПСЖ во трката.