24фудбал

„Еуроспорт“: Јувентус доби „корпа“ од Гвардиола

Францускиот медиум пишува дека Пеп ја одбил Старата дама, на Островот одредени медиуми пак пишуваат дека тој би можел да се раздели со Граѓаните идното лето, за што наводно и самиот размислува за такво нешто.

Италија

Пеп Гвардиола го одбил италијанскиот првак Јувентус, а со тоа каталонскиот тренер им кажа „НЕ“ на 20те милиони евра годишна плата понудени од Старата дама, пренесува „Еуроспорт“, а веројатно со ова се става крај на шпекулациите поврзани со иднината на шефот на стручниот штаб на Манчестер Сити.

Гвардиола се наведуваше како главна опција за клупата на Јувентус по заминувањето на Масимилијано Алегри, но, извесно е дека сега прва опција е Маурицио Сари, медиумите подолг период пренесуваат дека Италијанецот преку своите претставници преговара со Челси за раскин на договорот со тој клуб.

„Еуроспорт“ додава дека Гвардиола својата иднина ја гледа во Манчестер Сити и нема никакви дилеми околу тоа прашање, од друга страна пак, „Дејли Стар“ пак пишува дека тој размислува за евентуална разделба со англискиот првак, но, не за ова лето, туку за идното, по неговите четири години минати во тој клуб.