24фудбал

„Оној кој се двоуми да игра во Барса, не ни треба“ – Абидал со цитат од Јохан Кројф испрати порака до Де Лихт (ФОТО)

Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал објави пост на социјалните мрежи и цитат од легендарниот Јохан Кројф, многумина сметаат дека пораката е наменета за Матајс де Лихт.

Шпанија

Барселона се обидува да го ангажира талентираниот дефанзивец, се верува дека од поодамна се има договорено со Ајакс но самиот Матајс де Лихт одолговлекува со одлуката откако доби неколку подобри понуди.

Денеска се појавија гласини дека неговиот агент Мино Рајола отпатувал за Париз и во следните денови треба да ги испегла сите детали од трансфер на „Паркот на принцовите“.

По сториите дека „каталонците“ ќе извисат, спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал имаше енигматичен пост на социјалните мрежи и објави цитат од легендарниот Јохан Кројф.

„Оној кој се двоуми да игра во Барса, не ни треба“ – е пораката, за која многумина сметаат дека е наменета токму за Матајс де Лихт.