24фудбал

Со трансфер во ПСЖ, Де Лихт ја отвора вратата за големо засилување во Јувентус

Матијс Де Лихт нема да го засили Јувентус, но индиректно може да му донесе сериозно засилување во одбраната.

Италија

„Скај Спортс“ италија пишува дека Мино Рајола е во Париз да го комплетира трансферот на Де Лихт од Јувентус во ПСЖ вреден 80 милиони евра.

Според „Спорт Медиасет“, ПСЖ е подготвен да го продаде Маркињос со цел да направи место за Де Лихт, а Јувентус со отворени раце ќе го прифати.

Маркињос беше еден од клучните играчи на ПСЖ во минатата сезона, имаше 44 настапи, постигна четири гола и два пати асистираше.

Тој пред да замине во ПСЖ играше за Рома, па добро ја познава италијанската лига.

Со 25 години тој би бил идеално засилување за Јувентус бидејќи е млад а веќе има големо искуство. Може да игра на различни позиции. Неговата цена е некаде околу 60 милиони евра.