24фудбал

Гвардиола не размислува за едногодишна пауза и откри само под кој услов ќе замине од Манчестер Сити

Пеп Гвардиола ги демантираше гласините кои велеа дека планира да се тргне на страна од фудбалот во 2020 и вели дека единствен начин да не биде тренер на „граѓаните“ е да биде исфрлен сосе партали.

Англија

Медиумите често шпекулираa за иднината на стратегот изминативе месец дена, Пеп Гвардиола беше една од желбите на Андреа Ањели за нов тренер на Јувентус. Се говореше дека „Старата дама“ му доставиле неколку понуди, последната вредна 20 милиони евра по сезона, но тој го одбил шампионот на Италија.

Неколку весници од Англија утрово објавија дека стратегот би можел во 2020 да се тргне на страна од фудбалот и да одмара една година доколку ја освои Лигата на шампионите, но Пеп Гвардиола ги отфрли и ваквите шпекулации.

„Не размислувам за едногодишна пауза. Не знам од каде се појави шпекулацијата која за кратко време беше објавена од сите, но нема вистина во ваквите написи. Имам уште две години од договорот, и ако не ме исфрлат сосе партали ќе останам“ - вели предводникот на „граѓаните“.