24фудбал

Јовиќ: Не знам ништо за понудата од Барса, кога ми кажаа дека Реал ме бара брзо кажав ДА

Лука Јовиќ денеска беше промовиран како ново засилување на Реал Мадрид, Србинот вели дека не знае ништо за понуда од Барселона или други клубови и порача дека без двоумење го прифатил предлогот на „кралевите“.

Шпанија

Младиот напаѓач го сврте вниманието на гигантите ширум Европа со одличните партии оваа сезона. Пред неколку месеци често се говореше дека Барселона сака да го донесе Лука Јовиќ како наследник на Луис Суарез, но Србинот на крајот заврши во редовите на Реал.

„Кралевите“ денеска го промовираа голгетерот, кој откри дека брзо кажал ДА на предлогот од Мадрид.

„Во моментов сум најсреќното момче во светот, задоволство ми е што потпишав за најголемиот клуб во светот, ќе го дадам максимумот“ - вели Лука Јовиќ.

„Не знам ништо за понудата од Барселона, кога разговарав со агентот, тој ми кажа само за предлогот од Реал и брзо го прифатив“.

„Како дете спиев со дресот на Реал, навивам за Реал уште од мали нозе бидејќи се работи за најголемиот клуб во светот“.

Запрашан дали разговарал со Зидан за тоа каква ќе биде неговата улога и дали може да каже колку голови фановите треба да очекуваат, Лука Јовиќ одоговори: „Не сакам да кажам конкретна бројка, можам само да ветам дека ќе го дадам најдоброто од себе. Дојдов во клуб каде ќе можам многу да научам и да забележам прогрес“.

„Не сум разговарал со Зидан, подготвен сум да играм било каде. Не ми прави разлика дали треба да бидам единствен во форот или да играм крај друг напаѓач... тука сум за да се борам“.

„Бензема е еден од најдобрите во светот и се надевам дека ќе можам многу да научам од него, мислам дека можеме да играме еден крај друг, но Зидан треба да одлучи за ова“.

„Знам дека конкуренцијата во Реал е огромна, но јас сум голем работник и убеден сум дека ќе добијам шанса. Доколку не добијам, самиот ќе бидам виновен за тоа“.