24фудбал

Официјално: Солскјер го доби првото засилување откако стана тренер на Манчестер јунајтед

Даниел Џејмс го комплетираше трансферот од Свонси во Манчестер јунајтед откако потпише пет годишен договор.

Англија

Јунајтед минатата недела се договори со Свонси за ангажман на Даниел Џејмс, а тој денеска откако ги помина медицинските тестови стави потпис на договорот.

Трансферот на 21-годишниот Џејмс го чини Манчестер јунајтед 15 милиони фунти, плус 3 милиони фунти во бонуси. Тој е првото засилување откако Оле Гунар Солскјер стана тренер на тимот.

„Даниел е возбудливо младо крило полно со вештини, визија, исклучителна брзина и добра работна етика“, изјави Солскјер.

„Тој имаше добра сезона со Свонси и ги има сите атрибути потребни за да стане играч на Манчестер јунајтед. Среќни сме што тој е во нашиот клуб“.

Џејмс вели дека ова е еден од неговите најдобри денови во животот.

„Ова е еден од најдобрите денови во мојот живот и предизвик кој едвај чекам да почнам. Премиерлигата е најдобрата лига во светот и Манчестер јунајтед е перфектно место за мене да продолжам да се развивам како фудбалер“, вели Џејмс.