24фудбал

Емполи потврди, Круниќ ќе биде нов фудбалер на Милан

Раде Круниќ од Емполи ќе се пресели во Милан со кој наскоро ќе потпише четиригодишен договор.

Италија

Претседателот на Емполи, Фабриџио Корси потврди дека Круниќ ќе игра во Милан следната сезона, остануваат само детали за трансферот да биде официјализиран.

„Круниќ ќе игра за Милан следната сезона. Блиску сме до договор вреден 8 милиони евра“, изјави претседателот на Емполи за „Калчомеркато“.

25-годишниот босански фудбалер од средниот ред ќе стави потпис на четиригодишен договор со плата од 1,2 милиони евра по сезона.

За него интерес имаше од Џенова, Торино, Ватфорд и Ајнтрахт Франкфурт.