24фудбал

Реал го потврди и трансферот на Менди, Французинот за 48+5 милиони пристигнува од Лион

Реал Мадрид го потврди и трансферот на Ферлан Менди, левиот бек пристигнува од Лион за 48 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Шпанија

Зделката се најавуваше со денови а оваа недела селекторот на Франција, Дидје Дешам откри дека Ферлан Менди ќе го облече дресот на „кралевите“.

Вечерва пристигна и официјална потврда од Реал Мадрид и Лион, левиот бек се сели на Бернабеу за 48 милиони евра плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Ферлан Менди ќе стави потпис на договор до 2025 година, и ќе биде четврто засилување ова лето по Едер Милитао, Лука Јовиќ и Еден Азар.