24фудбал

Директорот на Атлетико го издаде Гризман: Уште пред три месеци знам каде ќе игра, тоа е Барселона!

Генералниот извршен директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Гил Марин откри дека Антоан Гризман карирата ќе ја продолжи на Камп Ноу, вели дека уште од месец март знаел дека напаѓачот се сели во Барселона.

Шпанија

Aнтоан Гризман најави дека за две недели ќе соопшти кој е неговиот следен клуб. Тој долго време се поврзува со Барселона, но во последно време се шпекулира дека ќе заврши во ПСЖ и „светците“ ќе го украдат напаѓачот. 

Самиот играч ги подгреа ваквите шпекулации со изјавата дека можеби нема да остане во Шпанија, но очигледно неговата иднина е на Камп Ноу, ова вечерва го откри генералниот извршен директор на Атлетико Мадрид.

„Јасно ми е каде ќе игра Гризман, го знам тоа уште од март. Барселона е неговата следна дестинација“ - вели Мигел Анхел Гил Марин за Торос, канал на Мовистар.