24фудбал

Фенербахче во Вардар ја најде замената за Елмас!?

Според турските медиуми, Фенербахче е сериозно заинтересиран за 19 годишниот играч на Вардар, Али Адем кој треба да биде наследникот на Елмас во турскиот клуб.

Македонија

Се очекува Фенербахче да го продаде Елиф Елмас во летниот преоден рок и да заработи преку десет милиони евра од трансферот на македонскиот фудбалер.

А дупката од заминувањето на Елмас, сака да ја пополни со уште еден наш фудбалер, се работи за еден од најголемите таленти на Вардар, Али Адем.

Адем е фудбалер од средниот ред кој може да игра на повеќе позиции. Тој важи за еден од најголемите надежи на Вардар, но се чини дека нема долго да се задржи во македонскиот тим. Покрај Фенербахче, за него се интересира и Галатасарај.

Според туркиот „Хуријет“, Фенербахче е поблиску до услугите на Адем. Тие ќе го купат него исто како што го купија Елмас, без обесштетување, ќе платат само тренинг компензација која треба да изнесува нешто под 200.000 евра.