24фудбал

Официјално: Ова се дуелите во првото коло од Премиерлигата (ФОТО)

Од ЕПЛ и официјално го објавија редоследот на натпреварите за воведното коло од новата сезона која треба да стартува на 9. август, а отвораат европскиот првак и англиски вицепрвак, како и старо-новиот Премиерлигаш.

Англија

На Островот во текот на вчерашниот ден излезе фотографија на која беше објавен редоследот на натпревари од првото коло во Премиерлигата за новото коло, истата беше објавена на социјалните мрежи на која се наведе дека Тотнем и Норвич отвораат во стандардниот термин од 13,30 часот по наше време во сабота на 10. август, сепак, денес таа објава и официјално беше демантирана.

Многумина добри познавачи на Премиерлигата беа неубедени во таа фотографија, а нивните аргументи наведуваа на тоа дека „Скај“ и „БТ“ кои ги имаат ТВ правата за Премиерлигата, обично не ги објавуваат натпреварите кои ќе ги пренесуваат неколку седмици откако истите ќе бидат објавени, што се покажа и како точно.


Денес на официјалниот сајт на Премиерлигата и официјално беше потврдено првото коло, а таму прв меч на програмата е оној помеѓу Ливерпул и Норвич, во петок на 9. август со почеток од 21 часот по наше време.

Следат како и обично седум дуели во сабота, за веќе во недела уште во првото коло да проследиме големо дерби, и тоа на „Олд Трафорд“ каде Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува Челси. Бранителот на титулата во Премиерлигата, Манчестер Сити отвора на гостински терен против Вест Хем, во првата пресметка предвидена за сабота идниот ден со почеток од 13,30 часот.


Што се однесува пак до второто коло кое се игра една седмица подоцна дербито ќе се игра на „Итихад“ арената, каде Манчестер Сити пред своја публика ќе ги одмери силите со Тотнем.