24фудбал

Де Лаурентис се налути по потегот на Реал Мадрид, Родригез на „стенд-бај“

Иако во текот на вчерашниот ден се пишуваше дека Наполи е близу до договор со Реал Мадрид за двегодишна позајмица на Колумбиецот, од шпанската престолнина наводно и дефинитивно ја затвориле опцијата за нова позајмица на фудбалерот, дополнително ја кренаа и цената за евентуална негова продажба.

Италија

Според информациите кои пристигнуваат, се вели дека Реал Мадрид ја зголемил цената за Хамес Родригез, а тоа значи дека Наполи, барем во моментов ги стопира преговорите со Кралевите за Колумбиецот кој не е во плановите на Зидан за идната сезона.

27 годишниот фудбалер изминативе две сезони беше дел од Баерн Минхен, неговата позајмица во Бундеслигашот истече а Баварците немаат намера да го откупат неговиот договор за 42 милиони евра.

„Кориере дел Меѕоџорно“ тврди дека Реал Мадрид сака да го продаде Колумбиецот за 55 милиони евра, а наводно отфрлена е опцијата и за нова позајмица со можност за откупување на неговиот договор со клубот, нешто за што се надеваа во Неапол.

Во Италија пишуваат дека новиот потег на Реал Мадрид го натерал првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис да ги стопира преговорите, барем засега, а од друга страна пак во италијанскиот клуб се надеваат дека ќе издејствуваат за помала цена на Родригез.