24фудбал

Валверде се предомисли, Ракитиќ може да замине од Барса но под еден услов

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Ернесто Валверде се предомислил кога е во прашање иднината на Иван Ракитиќ, Хрватот може да замине од Камп Ноу под услов да пристигне богата понуда.

Шпанија

Тренерот на „каталонците“ е голем фан на играта на Иван Ракитиќ, и Хрватот изминативе две сезони забележа дури 109 настапи во дресот на Барселона. Секогаш кога имаше шпекулации за трансфер на фудбалерот од средниот ред, се говореше дека Ернесто Валверде не дава зелено светло бидејќи го смета играчот за клучен дел од составот.

Но последните информации велат дека Ернесто Валверде се предомислил. Во вторникот имало состанок помеѓу тенерот и претседателот Жосеп Мариа Бартомеу и двајцата разговарале за настапот на трансфер пазарот и тоа кои играчи треба да пристигнат а кои да заминат.

Ернесто Валверде дал согласност за продажба на Иван Ракитиќ но под услов да пристигне богата понуда за репрезентативецот на „коцкастите“ кој има откупна клаузула од 120 милиони евра.

Минатото лето Иван Ракитиќ беше мета на ПСЖ, а изминатиов период се говореше дека Хрватот е желба и на Манчестер јунајтед и Интер.