24фудбал

Реал го презентираше Азар, а навивачите извикуваа: Го сакаме Мбапе! (ВИДЕО)

„Кралевите“ денеска го промовираа Еден Азар како ново засилување, но навивачите сакаат уште еден „галактикос“ и ангажман на Килијан Мбапе.

Шпанија

Еден Азар е првото звучно име кое пристигнува во Реал по пауза од неколку години. Белгиецот денеска беше промовиран на Сантијаго Бернабеу, а пред да излезе на теренот, публиката испрати порака до Флорентино Перез дека сака уште еден „галактикос“ трансфер.

50.000 фанови беа на трибините за да го поздрават Еден Азар, а поголемиот дел од нив во еден момент почнаа да извикуваат: „Го сакаме Мбапе, го сакаме Мбапе“.