24фудбал

Паратичи ја убеди Марина, Челси конечно ќе го пушти Сари да стане нов тренер на Јувентус

Неколку извори од Италија пренесоа дека Јувентус постигнал договор со Челси за Маурицио Сари да биде ослободен од договорот и да стане нов тренер на „Старата дама“.

Италија

Италијанецот треба да го наследи Макс Алегри, но работите запнаа околку компензацијата која ја побара Челси. Стратегот наводно добил збор дека може слободно да замине, но во исто време се говореше дека „сините“ бараат 6 милиони евра за да се разделат со Маурицио Сари.

За да се забрза процесот, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи замина за Лондон на средба со Марина Грановскаја. Доцна вечерва, неколку извори од Италија пренесоа дека двајцата конечно успеале да најдат заеднички јазик, и начелно е постигнат договор.

Јувентус ќе плати оштета, но сумата ќе биде далеку помала од бројката од 6 милиони евра, и ќе биде платена во два дела, едниот фиксен а другиоу во бонуси и ќе зависи од резултатите на стратегот.

Се очекува Челси веќе утре да стави крај на соработката со Маурицио Сари и да го ослободи од договорот па тој ќе може да ја започне авантурата со Јувентус, каде треба да му се придружи и поранешниот помошник од Емполи, Џовани Мартушело.