24фудбал

АС: Азар има две опции за бројот на дресот

Кој број на дрес ќе го добие Еден Азар беше едно од прашањата на кои Белгиецот не даде одговор на својата промоција во Реал Мадрид, според пишувањата на АС, играчот како опции ги има 7-та и 11-та.

Шпанија

Еден Азар денеска беше промовиран на Бернабеу како нов фудбалер на „кралевите“, дресот кој го облече Белгиецот немаше бројка, па иако медиумите се обидоа да добијат одговор, фудбалерот не откри ништо.

Јасно е само дека тој нема да ја добие 10-та откако Лука Модриќ го одбил неговото барање и му порачал да си најде нов број.

Според пишувањата на АС, Еден Азар има две опции, дресот со број 7 или со број 11. Но во моментов и овие се зафатени. Маријано Диаз ја носи 7-та, а Герет Бејл ја носи 11-та.

Сепак и двајцата не се во плановите на Зинедин Зидан и се очекува летоска тие да го напуштат Мадрид.