24фудбал

Откриен договорот на Сари со Јувентус

Италијанските медиуми тврдат дека е дознале каков ќе биде договорот на Маурицио Сари со Јувентус.

Италија

Маурицио Сари ќе биде новиот тренер на Јувентус, веќе никој не се сомнева во таа вест, во прашање се само денови кога ќе биде и официјално промовиран.

Италијанските медиуми одат чекор понапред и го откриваат договорот на Сари со италијанскиот шампион.

Сари ќе потпише тригодишен договор со Јувентус, според кој ќе заработува 7 милиони евра по сезона.

Јувентус на Челси ќе му плати три милиони евра за да го добие Сари кој во Торино ќе го донесе и својот стручен штаб, Паоло Бертели, Лука Готи и Марко Јани.