Категорија: Шпанија 14.06.2019 12:55
13. јуни беше голем ден за Еден Азар. Фудбалерот никогаш не криел дека уште како дете сонува да го облече дресот на Реал Мадрид и желбата конечно му се исполни. Овој месец „кралевите“ и Челси си подадоа рака па Белгиецот вечера беше промовиран како ново засилување.
За презентацијата во свечената ложа на Сантијаго Бернабеу тој се појави стокмен во одело, а носеше и луксузен часовник од Ришар Мил. Се работи за моделот РМ 016, изработен од 18. картно бело злато и дијаманти. Цената се движи од 60.000 до 90.000 евра според различни специјализирани сајтови (некои коментари велат и многу повеќе), но на медиумите од Шпанија очигледно не им бега ништо, па тие забележаа еден интересен детал.
Во бројката 7, каде што стои датумот, покажуваше дека е 8. јуни а не 13. јуни. Па или часовникот не работи како треба, или Еден Азар заборавил да го намести.
Hazard se presentó con un reloj valorado en... ¡68.000 euros! https://t.co/bdCrHmXday
— MARCA (@marca) June 13, 2019