24фудбал

Македонија има пад од пет места на најновата ФИФА ранг листа

Поразите од Полска и Австрија ја турнаа Македонија пет позиции надолу на ФИФА ранг листата, во моментов сме на 73. место.

Македонија

Македонија заедно со Кина е на делба на 73. позиција на новата ФИФА ранг листа.

Причина за падот од петте места се поразите во квалификациите од Полска и Австрија.

Белгија останува на врвот, а меѓу најдобрите десет се уште и Франција, Бразил, Англија, Португалија, Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.