24фудбал

Сол на раната, поради него Барса доби забрана за трансфери а сега тој потпиша за Реал Мадрид

„Кралевите“ денеска соопштија уште едно засилување, на Сантијаго Бербанебу пристигнува талентираниот Јапонец Такефуса Кубо, кој следната сезона ќе биде дел од Кастиља тимот.

Шпанија

Реал Мадрид веќе потроши преку 300 милиони евра за засилувања, но нема да запре тука и се очекува ова лето да одвои барем уште 150 милиони евра. Пол Погба е последното делче од сложувалката на Зинедин Зидан, a не се исклучува и бомба од типот на Килијан Мбапе со оглед на тоа дека се може да се случи до септември.

Во меѓувреме, „кралевите“ соопштија ангажман на уште едно име кое не е толку звучно како оние кои веќе пристигнаа. Се работи за талентираниот Такефуса Кубо, кој следната сезона ќе биде дел од Кастиља тимот.

Интересно е тоа што Јапонецот долго време беше дел од школата на Барселона, популарната Ла Масиа на која и се приклучи кога имаше 10 години, но беше еден од играчите поради кои „каталонците“ добија казна од ФИФА и забрана за трансфери па мораше да замине од Камп Ноу и да се врати во Јапонија.

Тој на 4. јуни наполни 18 години, па може да се врати во Европа без проблеми и Барселона му понуди прилика одново да го облече нивниот дрес. Интерес пројавија и клубови како Манчестер Сити, Баерн Минхен и ПСЖ, а Такефуса Кубо на крајот реши да го прифати предлогот на „кралевите“.

Такефуса Кубо се најавува како „јапонскиот Меси“ а според Реал Мадрид, се работи за еден од најперспективните млади играчи во светот, кој располага со одлична техника и вештини, голема визија за играта, одличен дриблинг и чувство за гол.