24фудбал

Менди е последен во низата: Составот на Лион од големите продажби во последната декада (ФОТО)

„Марка“ пишува за големите продажби од Лион кои донесоа цифра од која боли глава за францускиот прволигаш, познато е дека првиот човек на клубот, Жан Мишел Ола не е 'лесен' преговарач, но очигледно дека е исклучително добар.

Шпанија

Трансферот на Ферлан Менди во Реал Мадрид беше последниот, барем засега од серијата големи и скапи продажби кои Лион ги реализираше во последната декада, сумите кои францускиот клуб ги заработи се огромни.

Францускиот лев бек потпиша за Кралевите при трансфер кој чинеше 48 милиони евра, а дополнително и пет милиони евра во додатоци, со што Менди стана вториот најскап трансфер од Лион по Александре Лаказет во Арсенал за 53 милиони еври.

Хуго Лорис се пресели во Тотнем за 12,6 милиони евра, додека Валенсија го доби потписот на Муктар Диакаби за 15 милиони евра, Саутемптон го ангажираше Дејан Ловрен за 10 милиони евра, а Самуел Умтити стана член на Барселона при трансфер вреден 25 милиони евра.

Кога станува збор за продажба на фудбалери од средниот ред, тука се издвојуваат Корентин Толисо кој во Баерн Минхен се пресели за 41,5 милиони евра, тука се секако и Жереми Тулалан во Малага (11), како и Миралем Пјаниќ со истата сума.

И во нападот секако имаше големи продажби, се издвојува трансферот на Карим Бензема во Реал Мадрид за 35 милиони евра, додека Хатем Бен Арфа премина во редовите на Олимпик Марсеј за сума од 12 милиони евра.

Генерално, Лион кешираше 280 милиони евра од продажби, а доколку се додаде и враќањето на Мариано во Реал Мадрид за 21,5 милион евра, нивниот профит надминува цели 300 милиони евра.