24фудбал

Рајола притиска за трансфер на Инсиње во ПСЖ, Верати може да помогне

Наполи сигурно не би останал со празни раце во случајот со Инсиње кој е обврзан на верност со тој клуб до 2022. година, но, бара поголема плата од сегашната која му изнесува 4,5 милиони евра.

Франција

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, ПСЖ добро ќе го одврзе ќесето за да го доведе во своите редови офанзивецот од Наполи, како и репрезентативец на Италија, Лоренцо Инсиње, а капитенот на калчолигашот е идентификуван како идеален профил на големо засилување за тимот од француската престолнина.

Весникот пишува дека на агендата е средба помеѓу претседателот на Наполи, Де Лаурентис и агентот на фудбалерот, Мино Рајола, а се вели дека 28 годишниот фудбалер бара годишна плата од 6,5 милиони евра за да го обнови договорот со тој клуб, со кого е обврзан на верност до 2022. година.

Се шпекулира дека Марко Верати би сакал повторно да биде заедно со некогашниот свој соиграч од Песката, со кого се во одлични односи, исто така, наводно Рајола инсистира на трансфер на својот клиент во ПСЖ.