24фудбал

Алиоски ја победи омразата (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец се сретна и со сопственикот на локалот, си подадоа рака и му подари дрес од англискиот Чемпионшиплигаш Лидс јунајтед, клуб за кој настапува, во интервјуто за „Клан Македонија ТВ“ тој говори детално за инцидентот што се случи во неговиот роден град.

Македонија

Јавноста во нашата земја со голема осуда го коментираше тоа што му се случи на нашиот репрезентативец и интернационалец од редовите на Лидс, Езгјан Алиоски во својот роден град Прилеп.

Заедно со своите родители, популарниот „Џани“ седнал во ресторанот „Ла Страда“, но, откако вработените слушнале дека тие говорат албански, побарале од нив да си заминат а како причина за тоа навеле дека нема слободно место, односно, себило резервирано.

Неколку часа по инцидентот, Алиоски повторно се врати во Прилеп и се приклучи на една хуманитарна акција, а од видеото кое го подготви „Клан Македонија“ јасно се гледа како нашиот фудбалер доби топол пречек од Прилепчани...