24фудбал

Промени во Милан: Малдини нов технички директор, раководна функција и за Бобан

Освежувања на одредени раководни позиции во италијанскиот прволигаш како увертира за нешто повеќе во пресрет на новата сезона и веројатно новите и поголеми амбиции за тимот од Милано.

Италија

Паоло Малдини добива нова функција во Милан откако од италијанскиот прволигаш и официјално објавија дека легендарниот фудбалер на таа екипа ќе биде технички директор, а со раководна функција се здоби уште една легенда на клубот, Звонимир Бобан.

Малдини и Бобан ќе бидат мошне блиски соработници на раководните места во клубот од Милано откако Хрватот се повлече од ФИФА за да биде главен фудбалски директор во Милан, Малдини пак, претходно ја обавуваше функцијата директор на клубот.

Што се однесува пак до Звонимир Бобан, тој ја извршуваше функцијата заменик генерален секретар на ФИФА како близок соработник на првиот човек на таа фудбалска организација, Џани Инфантино, но Хрватот се повлече од таа функција и се врати во Милан, клуб каде ги мина најуспешните денови од својата кариера.