24фудбал

Постои само една опција за Игуаин доколку се врати во Италија, тврди неговиот брат

Искусниот аргентински напаѓач наводно веќе решил каде ќе ја заврши својата кариера, за што сведочи изјавата на неговиот брат а воедно и претставник, тој јасно посочи дека само една опција е во игра доколку се врати во Серија А.

Италија

Братот а воедно и агент на Гонзало Игуаин тврди дека напаѓачот сака да ја заврши својата кариера во Јувентус, а воедно ја отфрла било која друга опција во Италија.

Позајмицата на 31 годишниот Аргентинец со Челси истекува ова лето, веројатно е дека Премиерлигашот нема да ја искористи опцијата да го откупи неговиот договор, по што тој би се вратил во Јувентус, клуб со кого има договор до 2021. година.

Дополнително, се отвора можност повторно да соработува со Маурицио Сарио, откако јавна тајна е дека искусниот италијански фудбалски стратег ќе го преземе кормилото на Јувентус, а дека Старата дама е единствената опција за Игуаин, јасно посочува неговиот брат.

Сакам да ја убедам јавноста дека ние не сме разговарале со никого досега, мојот брат е под договор со Јувентус, сака да го испочитува и да остане во тој клуб уште две години, неговите перформанси во Јувентус беа добри и да се игра во друг клуб освен тој во Италија не е добра солуција“ посочи Костас Николас.

Не сакам да искажам непочитување кон никого, но, доколку Гонзало игра во Италија повторно, тоа би било само Јувентус, клубот со кој има договор, мислам дека тоа ќе биде негова година, тој сака да ја заврши кариерата во тој клуб“ заклучи Николас.