24фудбал

Челси ќе треба да плати обесштетување за да го ангажира Лампард

Дерби ќе бара компензација од 4 милиони фунти доколку Челси го сака Лампард за нов тренер на тимот.

Англија

Лампард е прв фаворит за наследник на Сари на клупата на Челси, но тие се уште го контактирале формално Дерби.

Челси и Јувентус се договориле за преселба на Сари во Торино, но англискиот клуб нема да даде зелено светло се додека не ја договори неговата замена.

Лампард има уште две години од актуелниот договор со Дерби. Тој со две раце би прифатил работа во Челси, но има почит и кон Дерби, клубот каде што ја почна тренерската работа.

Според актуелниот негов договор со Дерби, тој може да си замине за четири милиони евра доколку клубот кој го бара игра во Лигата на шампионите, а таков е Челси.

Официјални преговори меѓу двете страни се уште не се почнати, но се очекува работата да биде завршена во текот на следната недела.

Ако Челси го ангажира Лампард, тоа ќе биде првиот англиски тренер кој ќе го имаат по пауза од 23 години.

Се шпекулира и дека во стручниот штаб на Лампард може да биде Клод Макелеле кој го напушти белгискиот Еупен.

Во Челси би требало да се врати и Петр Чех кој ќе биде поставен на функцијата спортски директор.