24фудбал

Косово ќе добие нов стадион, најубав на Балканот (ФОТО)

Фудбалската федерација на Косово денеска го презентираше проектот за новиот стадион кој оваа година треба да почне да се гради.

Останато

Косово ќе гради супер модерен стадион кој треба да биде најубав на Балканот.

Проектот денеска беше презентиран пред јавноста, а претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми вели дека потребата од нов стадион за репрезентацијата е повеќе од реална, бидејќи нивниот најголем стадион во моментов има 12.000 седишта, а барањата за билети се многу поголеми.

Новиот стадион е дело на турскиот архитект Мурат Табландоглу и ќе има капацитет од 30.000 гледачи.

Планот е со изградба да се стартува оваа година, во склоп на стадионот ќе има и хотели, ресторани, базени...