24фудбал

Чеферин го критикуваше однесувањето на англиските клубови околу финалето во Баку

Англичаните не се штедеа во своите критики за одлуката финалето да се игра во Баку, таа одлука на УЕФА се должи на политиката на фудбалската организација да им укаже шанса за организација на таков голем настан и на помалите земји, шанса каква што имаше и нашата земја да организира европски Суперкуп.

Останато

Организацијата на финалната пресметка од Лига Европа сезонава во Баку не мина со позитивна оценка од англиските клубови, Челси и Арсенал, кои се бореа за драгоцениот трофеј, а обата клуба не беа многу среќни што тој меч се игра во Азербејџан.

Говорејќи на универзитетот Оксфорд во текот на вчерашниот ден, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин застана во одбрана на одлуката финалето од ЛЕ да се игра во Баку, а упати и критики на однесувањето на англиските клубови.

Каде и да имаме англиски клубови, таму имаме и жалби. Со вашето однесување не помагате на популаризацијата на европскиот фудбал со тоа“ рече Словенецот.

Доколку некој ме праша зошто финалето се играше во Баку, јас би рекол следново: Луѓе живеат таму посочи тој.

Доколку имавме два клуба од Азербејџан да играат во Лондон, никој немаше да упати никаква забелешка на тоа, тие би дошле и би играле без никакви проблеми“ заклучи Чеферин.