24фудбал

Де Лаурентис на слатки маки, Перез му даде интересен предлог за помала цена на Родригез

Од информациите кои ги пренесоа повеќе медиуми околу иднината на Колумбиецот, се верува дека Наполи е најсериозниот кандидат за неговиот потпис, првиот човек на италијанскиот прволигаш добил интересен предлог од својот колега во Мадрид.

Италија

Се верува дека во преговорите помеѓу Наполи и Реал Мадрид има одредени несогласувања за да се дојде до договор околу трансферот на Хамес Родригез во Неапол, пишува италијанскиот весник „Ил Матино“.

Наполи е сериозно заинтересиран за услугите на 27 годишниот плејмејкер чија двегодишна позајмица со Баерн Минхен истече, а за него нема место во плановите и идеите на Зинедин Зидан во Реал Мадрид за идната сезона.

Се шпекулира дека првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез му дал интересна опција на својот колега од спротивната страна Аурелио Де Лаурентис, доколку тој ги посакува услугите на Колумбиецот.

Се верува дека Наполи е подготвен да плати веднаш 10 милиони евра, а дополнителни 35 милиони евра на крајот од идната сезона, но, Реал Мадрид бара цели 40 милиони евра повеќе во однос на втората рата по онаа првата која изнесува 10 милиони евра, но, втората опција е мошне интересна за Италијанците.

Перез наводно му дал интересен предлог на Де Лаурентис каде посочил дека цената на Родригез би можела да биде намалена доколу Наполи е заинтересиран да купи повеќе фудбалери од Реал Мадрид, што би можело да бидат левиот бек Тео Ернандез, како и фудбалерите од средниот ред Дани Себаљос и Маркос Љоренте.