24фудбал

Трите засилувања за Интер кои Конте ги посакува по секоја цена

Се чини дека се' зависи од исходот околу долго најавуваната продажба на Икарди, на кого му било јасно посочено дека не е во плановите на клубот за идната сезона.

Италија

Во Италија пишуваат дека новиот шеф на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте е во исчекување на исходот од случајот со Мауро Икарди, односно, чека на негова продажба за да ги комплетира трите посакувани засилувања во тимот.

„Кориере дело Спорт“ наведува дека Конте и Интер се подготвени да понудат 35 милиони евра за фудбалерот од средниот ред на Каљари, Николо Бареља, 15 милиони евра за напаѓачот на Рома, Един Џеко, како и 70 милиони евра за напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку.

Како и да е, Нероаѕурите само чекаат на вистинскиот момент за да ги реализираат своите цели, пред се’, тука се мисли најпрво на продажбата на Икарди која е мошне извесно дека ќе се случи ова лето.

Се верува дека од Интер јасно му посочиле на Икарди дека тој повеќе не е во плановите на клубот за идната сезона, а Аргентинецот пак, наводно планира да преземе радикални чекори со своите адвокати каде преку правни процедури би го напуштил Милано без никакво обештетување, а доколку дојде до такво нешто, сигурно би се промениле плановите на Конте околу засилувањата, и тоа драстично.