24фудбал

Јуве со две „мамки“ тргнува по Икарди, Интер ќе има причина плус да размисли

Двајца фудбалери на Старата дама за кого новиот шеф на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте има високо мислење, ќе бидат дополнителна „мотивација“ за тимот од Милано да подаде рака на својот ривал за трансфер на Икарди во Торино.

Италија

Мауро Икарди во Јувентус, трансфер што подолг период се најавува дека ќе се реализира, а веројатно е дека ова лето токму тоа ќе се случи, откако излезе една опција која Јувентус ја има во ракавот а којаќе му ја предложи на Интер во периодот кој претстои.

Сезависи од тоа како Интер ќе се справи со проблемот околу Икарди, а информациите кои пристигнуваат од Италија најавуваат дека клубот од Милано нема никаква намера да направи компромис со Аргентинецот кој донесе големи проблеми во составот на таа екипа.

„Газета дело Спорт“ објави дека Јувентус веќе сериозно ги разгледува сите можни опции за трката за потписот на Икарди, а весникот додава дека можеби причина плус за Интер сериозно да размисли за нивната понуда е во истата да бидат Пауло Дибала и Хуан Квадрадо, токму тоа е планот на Старата дама, двајца фудбалери кои имаат високо мислење кај новиот тренер на Интер, Антонио Конте.