24фудбал

Кутињо: Имав тешки моменти во Барселона, не се прикажав како што очекуваа навивачите

Со два гола ги предводеше Кариоките до убедлива победа на стартот од Копа Америка, Кариоките добија и свирежи од своите навивачи на гледалиштето, по што мораа нешто повеќе откако не успеаа да поведат во првиот дел од мечот.

Шпанија

Кутињо со два, Евертон со еден гол му пресудија на противникот за почетна победа на Копа Америка за Кариоките, кои добија и свирежи од гледалиштето, а веднаш по мечот Кутињо беше запрашан за тоа дали неговите перформанси синоќа беа еден вид порака до навивачите на Барселона, ако се знае дека претходно тој добиваше свирежи на Камп Ноу.

Немам што да кажам премногу за нив (навивачите на Барселона)“ рече Бразилецот по незгодното прашање од шпанскиот весник, а потоа додаде дека работи за да се подобри.

Благодарен сум им на сета поддршка која тие ми ја даваа, имав исклучително тешки моменти бидејќи не се прикажував во светло какво што тие очекуваа на теренот, но, тоа е фудбалот и работам за да се подобрам“ додаде Кутињо.