24фудбал

Официјално: Сари го напушти Челси и го презеде кормилото на Јувентус

60 годишниот Италијанец седнува на клупата на Старата дама откако мина само една сезона на кормилото на Челси, иако имаше важечки договор со Премиерлигашот до 2021. година, тој по успешни преговори со клубот предвреме го раскина истиот за да се пресели во Торино.

Италија

Сагата околу искусниот италијански фудбалски стратег, Маурицио Сари е официјално завршена, откако Челси објави дека тој си заминува од клупата на таа екипа, а Јувентус потврди дека тој ќе биде нивниот нов тренер, како што се најавуваше подолг период низ медиумите.

Во соопштението кое го објави Челси на официјалниот клупски сајт се вели дека раниот раскин на договорот на Италијанецот бил договорен во преговорите помеѓу обете страни за на крајот тој да седне на клупата на Старата дама.

Во преговорите ние го имавме финалето од Лига Европа, Маурицио јасно ни даде дознаење дека силно посакува да се врати во неговата родна земја, објаснувајќи ги неговите причини поради кои сака да се врати да работи во Италија, а тие беа значајни“ посочи директорката на Челси, Марина Грановскаја која во изјавата додава дека Сари посочил дека му е важно да биде близу своето семејство.

Сари си заминува од Челси со благодарност од наша страна за неговата работа, како и работата на неговите асистенти во текот на сезоната како наш тренер, како и освојувањето на Лига Европа, со тоа што ни донесе уште едно финале и трето место во Премиерлигата“ заклучи Марина.

Сари мина една сезона на клупата на Челси, Премиерлигашот дојде до титулата од Лига Европа откако во финалето во Баку славеше над Арсенал со 4-1, неговата одлука да го преземе кормилото на Јувентус секако ќе биде со бурни критики поздравено од Наполи, неговиот поранешен клуб, ако се земе во предвид огромното ривалство помеѓу двата италијански клуба.