24фудбал

Елмас го ‘кочи’ трансферот во Атлетико Мадрид, Пандев има посебен совет до него

Се верува дека понудата на Интер од 11 милиони евра била надмината од Атлетико Мадрид, Јорганџиите со 14 милиони евра наводно успеале да издејствуваат од Фенербахче да ја прифатат таа понуда, но, финализацијата стои во место поради Елмас, а неговата желба наводно е Интер.

Македонија

Иако во Турција изминатава седмица објавија дека Фенербахче ја прифатил понудата од Атлетико Мадрид за нашиот Елиф Елмас вредна 14 милиони евра, сепак, „Фотомак“ известува дека преговорите за финално решение не одат во позитивна насока, и изнесе причина зошто е тоа така.

Според информациите кои ги објави тој медиум, се вели дека 19 годишниот македонски интернационалец побарал време за да размисли и да ја донесе конечната одлука околу својата иднина, а неофицијално, тој посакува да го облече дресот на Интер.

Капитенот на нашиот најсилен национален состав, Горан Пандев, кој најубавите денови од својата кариера ги мина во дресот на Нероаѕурите, тим со кој стигна и до европската титула, го советувал Елмас да го одбере токму Интер.

Дали ќе продолжи „балканизацијата“ на Интер со Елмас, останува да видиме во периодот кој претстои, но, советите од искусниот Пандев можат да бидат од големо значење за кариерата на македонскиот фудбалски бисер ако се знае дека Интер е плодна почва за развивање на кариерите на фудбалери од Балканот, а воедно клуб каде нашиот Елмас веројатно би добил голема шанса за докажување.