24фудбал

Погба вели дека е ‘време за нов предизвик’, но, во Манчестер јунајтед не мислат така

Манчестер јунајтед е на турнеја во Јапонија, а од таму пристигна порака од Погба кој ја отвори можноста да си замине од Олд Трафорд, сепак, на Островот пак излезе една доста поинаква вест која вели дека клубот јасно му посочил дека нема никакви шанси тој да си замине, барем не до идната сезона.

Англија

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба во една изјава за медиумите потврди дека можеби е време за нов предизвик во неговата кариера, а со тоа директно посочи дека можеби ќе си замине од Олд Трафорд ова лето.

Французинот постојано се поврзува со Реал Мадрид а воедно речиси цела година се шпекулира дека е на излезна врата од Олд Трафорд, тие шпекулации продолжија, а фудбалерот, запрашан од новинари во Токио за можен трансфер ова лето, тој говореше директно.

„Постојат многу шпекулации поврзани со мојата иднина, за мене, јас минав три години во Манчестер јунајтед, мислам дека работите се одиваа одлично, некои добри, меѓутоа некои моменти беа и лоши“ посочи Погба.

„По оваа сезона и сешто се случи во неа, во мојата сезона која е воедно и најдобра досега, мислам дека би било добро време за мене да имам нов предизвик на некое друго место, размислувам на оваа тема, да имам нов предизвик на некое друго место“ заклучи Французинот.

Погба се поврзува со неколку европски гиганти,меѓу кои неговиот поранешен клуб Јувентус, како и Реал Мадрид, но, „Стандард“ денеска пренесе дека од Манчестер јунајтед јасно му порачале на фудбалерот дека тој ќе биде нивни фудбалер и идната сезона.

Наводно извршниот потпретседател на Премиерлигашот, Ед Вудворд е категоричен во намерата да го задржи Французинот и покрај тоа што тој јавно посочи дека постои можност да си замине.