24фудбал

Уругвај го растури Еквадор, гол со ножички на Кавани (ВИДЕО)

Уругвај со убедливи 4-0 го победи Еквадор и најави дека е еден од најсериозните кандидати за освојување на Копа Америка.

Јужна Америка

Уругвај одигра одличен меч против Еквадор, четири пати ја тресеше мрежата на противникот кој од 24. минута остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кинтерос.

Резултатот беше отворен уште во шестата минута со убав гол на Лодиеро по асистенција од Суарез.

Во 33. минута Уругвај поведе со 2-0, Годин асистираше до Кавани кој атрактивно со ножички ја смести топката во мрежата.

Пред крајот на првиот дел Луис Суарез зголеми на 3-0, веќе се знаеше кој ќе го добие овој натпревар.

До крајот на мечот, во 78. минута Мина Меза си постигна автогол за конечна победа на Уругвај од 4-0.


Во другиот вчерашен меч Парагвај пропушти водство од 2-0 против Катар, натпреварот заврши 2-2.

Парагвајците поведоа со голови на Кардозо и Гонзалез, Катар изедначи преку Алмоез и Коуки.